Во првото дерби од 25. коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа нерешено 2:2 во Рим.

Резултат кој несомнено најмногу го радува Интер, затоа што „нероаѕурите“ можат да го заземат првото место во поредокот со победа во недела. Но, она што ги прави шампионите многу посреќни е забележителниот пад на формата на Наполи, кој нема победа на последните три натпревари во Серија А.

Наполи има за што да жали со оглед на тоа што имаше водство до 87. минута на тешкото гостување. Булаје Диа, кој влезе во игра во 74. минута, постигна гол за 2:2 и им одзеде два бода на наполитанцие.

Лацио поведе со голот на Исаксон во шестата минута. Но гостите дојдоа до пресврт.

Само седум минути по примениот гол, Распадори израмни. А комплетен пресврт дојде во 64. минута по автоголот на Адам Марушиќ. Сепак, Наполи до самиот крај не успеа да одржи водството и сега ќе мора да навива Интер да не го победи Јувентус во Дерби д’Италија во Торино.

Текстот (Видео) Тријат раце во Интер, Наполи во 87.минута испушти победа кај Лацио е превземен од МАКФАКС.