Денвер Нагетс благодарение на најдобриот играч во НБА лигата, Никола Јокиќ, ја прекинаа серијата од три порази. Кај еден од најлошите тимови во лигата, Шарлот Хорнетс, Нагетс славеа со 107:104.
Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл, 22. оваа сезона. Натпреварот го заврши со 28 поени, 17 асистенции и 13 скока, а во последната минута им донесе клучни поени на Нагетс.
Во неизвесна завршница Јокиќ најпрвин со офанзивен скок го доближи Денвер на 103:104, а потоа поентираше под фаул на 41 секунда до крајот.
Домашните потоа ја загубија топката, а Јокиќ по изнуден фаул ги реализираше двата пенали и го сврте резултатот. Во следната акција Мајлс Бриџис промаши, а потоа повторно на сцена стапи Јокиќ, му асистираше на Мареј, кој погоди за два и го постави конечниот резултат.
Во преостанатото време Ник Смит не успеа да погоди за тројка.
Кристијан Браун со 24 поени беше расположен кај Денвер, а важен придонес во триумфот имаше и Џамал Мареј со 20 поени.
Кај Шарлот најефикасен беше Мајлс Бриџис со 24 поени, а го следеше Марк Вилијамс со 20.
Резултати
Хјустон – Бруклин 98:110
Минесота – Вашингтон 103:105
Оклахома – Сакраменто 144:110
Њујорк – Лос Анџелес Лејкерс 112:128
Сан Антонио – Мајами 103:105
Портланд – Феникс 127:108
Текстот (Видео) „Трипл-дабл“ Јокиќ спречи пораз на Денвер е превземен од МАКФАКС.