Трипл-дабл на Никола Јокиќ и пораз на Денвер Нагетс веќе не е изнендување во НБА лигата. По дебаклот во дуелот со Минесота, Нагетс загубија и во Чикаго. Булс славеа со 129:121.
Натпреварот во Чикаго домаќините го решија во последната четвртина со серија 13:2. Денвер се доближи во 124:121, но потоа Лавин го реши дуелот.
Јокиќ блескаше во Чикаго со 33 поени, 12 скока и 14 асистенции и некарактерситчно за него имаше пет забивања. Ова е шестти трипл дабл на спрскиот ас во последните седум натпревари.
Кристијан Браун постигна 28 поени, Џамал Мареј 18 поени со шут 8/20, додека Мајкл Портер Јуниор исто така постигна 18 поени.
Зак ЛаВин ги предводеше Булси до победата со 21 поен, Никола Вучевиќ постигна 20 поени, 10 скока и шест асистенции, додека Лонзо Бол постигна 18 поени.
Резултати:
Шарлот – ЛА Лејкерс 97:102
/Бриџис 26 – Дејвис 42/
Кливленд – Детроит 110:91
/Гарланд 22 – Канингем 22/
Мајами – Орландо 125:119 (108:108)
/Хиро 30 – Ф. Вагнер 29/
Бруклин – Сакраменто 96:110
/Расел 19 – Фокс 30/
Бостон – Хјустон 112:114
/Браун 28 – Брукс 36/
Њујорк – Мемфис 143:106
/Биџес 28 – Џексон 21/
Торонто – Њу Орлеанс 113:104
/Барнс 21 – Вилијамсон 31/
Минесота – Атланта 100:92
/Едвардс 23 – Хантер 35/
Далас – Вашингтон 130:108
/Томпсон 23 – Кулибали 16/
Текстот (Видео) Трипл-дабл, пет забивања на Јокиќ и пораз на Денвер во Чикаго е превземен од МАКФАКС.