Никола Јокиќ со трипл дабл го предводеше Денвер до триумф во Детроит, двецот Лука Дончиќ-Леброн Џејмс блескаше во победата на ЛА Лејкерс во градското дерби против Клиперси, а Кливленд надополни негатива од 22 поени и забележа победа во Бостон, против Селтикс во дуелот на двата најдобри тима во Источната конференција.

Денвер Нагетс го продолжуваат подемот во Западната конференција и ноќта меѓу петокот и саботата ја постигнаа 39-та победа во шампионатот предводени од Никола Јокиќ. Денвер ја прекина серијата на Детроит од девет последовни победи. Нагетс победија со 134.119.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции. За Србинот ова е 28.трипл дабл во сезоната, 158 во кариерата.

Од останатиот дел од тимот се истакна Кристијан Браун со 23 поени, Мајкл Портер Џуниор 28 и Џамал Мареј како најефикасен со 31 поен.

На другата страна Малик Бисли постигна 16 поени, Озар Томпсон додаде 13, Фонтекио и Харис имаа по 12, Канингем 11, а Хардавеј Јуниор 10.

Лејкерси ги совладаа Клиперси (106:102) во дербито на Лос Анџелес.

Двојката Лука Дончиќ и Леброн Џејмс беа најзаслужните за триумфот на Лејкерси кои искомбинираа повеќе од половина од поените на домашните.

Дончиќ беше најефикасен со 31 поен (9/22 од поле, 10/11 од пенали), пет асистенции, два скока, три украдени и шест загубени топки.

Џејмс го следеше со 28 поени (12/21 од поле), 13 скока, три асистенции и четири загубени топки.

Кај Клиперси најдобар беше Ивица Зубац со 27 поени и 16 скока. Кавај Ленард додаде 21 поен, а Џејмс Харден 18, заедно со девет асистенции и седум скока.

Кошаркарите на Кливленд славеа во дербито на Источната конференција против Бостон, 123:116.

Триумфот на Кавалирс добива на значење, бидејќи беше постигнат на гостински терен, во ТД Гарден, и по -22 по првата четвртина.

Селтикси не можеа да ги спасат Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои постигнаа вкупно 83 поени.

Најефикасен беше Џејсон Тејтум со 46 поени, од кои 30 постигна во првото полувреме.

Тој шутираше 19/37 од поле, а имаше и 16 скока, девет асистенции и три блокади.

Браун го следеше со 37 поени (13/24 од поле), пет скока и две асистенции, додека кај гостите тим блескаше беше Донован Мичел со 41 поен (13/26), пет асистенции и три скока.

Дариус Гарланд додаде 20 поени и седум асистенции, а Иван Мобли забележа 17 поени и 12 скока.

НБА, резултати:

Пистонс – Нагетс 119:134
Хокс – Тандер 119:135
Селтикс – Кавалирс 116:123
Нетс – Блејзерс 102:121
Булс – Рапторс 125:115
Гризлис – Никс 113:114
Хит – Пејсерс 125:120
Сонца – Пеликани 125:108
Џез – Тимбервулфс 117:116
Лејкерс – Клиперс 106:102

Текстот (Видео) Трипл дабл на Јокиќ во Детроит, Лука и Леброн го решија градското дерби, Мичел ја доби пресметката со Тејтум е превземен од МАКФАКС.