Три драматични реванши вечерва се одиграа во Париз, Валенсија и Лисабон, во четвртфиналето во Лигата на нации. Португалија, благодарение на Франциско Тринкао во продолеѓнијата ја победи Данска, а Шпанија и Франција по изведувањето пенали ги елиминираа Холандија, односно Хрватска.
Натпреварот на стадионот „Франција“ во Сен Дени меѓу Франција и Хрватска заврши по 90 минути со резултат 2:0. Со ист резултат Хрватска победи во првиот меч, па меќот влезе во дополнителните 30 минути.
Во регуларнуот дел, Франција имаше шанси но не ги искористи да ја скрши Хрватска, благодарение на изворедниот Ливаковиќ.
Олис во 52.минута постигна брилијантен гол од слободен удар, а потоа во 74.минута му асистираше на Дембеле.
Во пенал серијата, Французите ги преживеаја ужасните пенали на Кунде и Тео Ернандез, кои го промашија голот. Голманот Мењон го одбрани ударот на батурина, а Ивановиќ шутираше над голот. Во шестата серија прецизни беа Дуе и чалета-Цар, а во седмата Мењон го одбрани ударот на Станишиќ, а Упамекано погоди за пласман на Франција во полуфиналето каде ќе се сретне со Шпанија.
И Шпнаците по изведувањето пенали дојдоа до полуфиналето. Реваншот во Валенсија против Холандија заврши со резултат 3:3, откако по 90.минути игра беше 2:2.
Шест серии шутираа фудбалерите на Шпанија и Холандија на „Местаља“. Ланг ја погоди гредата, а Вербруген го одбрани пеналот на Јамал. Во шестата серија Симон го прочита Мален, а Педри стави тошка на мечот.
Португалија во 90.минути ја победи Данска во Лисабон со 3:2. Голот со кој Португалците обезбедија продолженија го постигна Тринкао во 86.минута. Истиот играч во првата минута од продолѓенијата зголеми на 4.2, а точка на натрпеварот Гонзало Рамос.
Текстот (Видео) Тринкао португалски херој, Франција и Шпанија низ пенал-рулетот до место во полуфиналето е превземен од МАКФАКС.