Трикатна станбена зграда денеска делумно се урна во Хаг по пожар и експлозија, соопштија пожарникарите додека трагаа по луѓе под урнатините.

„Службите за итни случаи бараат луѓе и се борат со пожарот“, информираа од градската противпожарна служба.

Спасувачите не знаат колку луѓе се’ уште се под урнатините или што можело да ја предизвика експлозијата во оваа зграда која се наоѓа недалеку од центарот на градот.

Како што јавија локалните медиуми, неколку луѓе се спасени. Четири повредени лица се пренесени во болница.

Градоначалникот Јан ван Занен го посети местото на несреќата за да ги координира напорите за спасување.

На првата снимка од местото на настанот, која ја пренесе јавниот канал НОС, се гледа како неколку десетици пожарникари се борат со огнот.

Текстот (Видео) Трикатна зграда се урна во Хаг по експлозија, се трага по преживеани е превземен од МАКФАКС.