Трансродовата актерка Хантер Шафер, позната по улогата во серијата Euphoria, објави видео на „Тик ток“ во кое се пожали дека нејзиниот нов пасош вели дека е маж.

Таа објасни дека документите за нов пасош ги пополнувала како и обично, идентификувајќи се како жена, но додаде дека никогаш не го сменила изводот на родени и дека постои можност одделот за издавање пасош да ја споредил нејзината апликација со изводот на родени.

View this post on Instagram

A post shared by Queerty (@queerty)

Таа рече дека ова е резултат на одредбата што Доналд Трамп ја потпиша на првиот ден кога по втор пат стана претседател на САД. Одредбата вели дека американската влада признава само два пола. Актерката признала дека не очекувала дека тоа навистина ќе се случи, но додала дека не сакала да поттикнува страв или да влијае на луѓето, туку само да ја прикаже моменталната реалност.

„Исто така, сакам да кажам дека баш не ми е грижа што во пасошот ми напишаа дека сум маж. Тоа навистина не менува ништо, но малку го отежнува животот“, рече таа и додаде дека „трансродовите луѓе се прекрасни“.

„Никогаш нема да престанам да бидам трансродова. Буквите во мојот пасош не можат да го смени тоа. Навистина не знам што да правам во врска со ова, но чувствувам дека беше важно да го споделам“, рече таа во видеото кое почна да се споделува на социјалните мрежи.

Текстот (Видео) Трансродовата актерка Хантер Шафтер: Мојот пасош вели дека сум маж, не знам што да правам е превземен од МАКФАКС.