Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.

„Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште имаме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Не знам зошто тој ја продолжува таа војна“.

Трамп рече дека Путин не сака да го заврши конфликтот, што остава „многу лош“ впечаток, според новинската агенција ДПА.

„Тој може да го заврши. Може да го заврши многу брзо“, рече тој.

Американскиот претседател, исто така, ја пофали Украина за нејзиниот отпор кон Русија и зборуваше за посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон во петок.

„Тој сака оружје. Би сакал Томахавки“, рече Трамп, кој не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со овие моќни американски крстосувачки ракети со дострел до 2,5 илјади километри.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“ е превземен од МАКФАКС.