Најмалку три лица загинаа денес, а повеќе од 20 беа повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција.

Фотографија од местото на настанот покажува дека кабината на жичницата, слична на трамвај, е практично уништена, пренесува Ројтерс.

„Она што можеме да го кажеме во моментов е дека има неколку жртви“, рече началникот на смената на противпожарната бригада во Лисабон, пренесуваат медиумите во регионот.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Трагедија во Лисабон: популарната туристичка атракција, жичницата „Глорија“ излета од шините и се урна, има загинати е превземен од МАКФАКС.