Плажата Макарезе во близина на Рим викендов беше погодена од виорен ветер познат како пијавица, кој крена песок и ги однесе чадорите.
Иако ударот траеше само неколку секунди, тој беше доволен за да предизвика конфузија, а седум лица беа повредени: шестмина добија помали модринки, додека едно лице доби медицинска помош.
Според написите, погодени беа три плажни комплекси.
Пијавицата накратко се појавила на брегот северно од Рим, а шанкер од едно од кафулињата за порталот „Аднкронос“ изјави дека времето одеднаш се влошило и дека капачите немале време да ја напуштат плажата поради ова.
„Одеднаш, задува силен ветер и почна да носи сè пред себе – чадори летаа низ воздухот. Траеше само неколку минути, но луѓето се испаничија и почнаа да трчаат во засолниште. Веднаш отидов до лежалките за да им помогнам на спасувачите. Брзо ги затворивме сите чадори и се обидовме да ги обезбедиме луѓето. Владееше општ хаос, но за среќа никој не беше сериозно повреден. Наскоро сè се врати во нормала“, рече тој.
Текстот (Видео) Торнадо го погоди брегот на Италија: луѓето бегаат од плажата во паника е превземен од МАКФАКС.