Македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч (МВП) на 32. коло во Евролигата, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Шортс забележа 20 поени, 14 асистенции и девет скока за 30 минути во победата на Париз, во Атина над Панатинаикос од 101:98.
Тој имаше индекс на корисност 36 и со тоа по четврти пат ја освои наградата за најдобар играч на колото.
Кошаркарот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ постигна индекс 32, откако забележа 28 поени и девет скока во поразот од Барселона (98:88).
Кендрик Нан од Панатинаикос имаше индекс 31 против Париз, забележа 22 поени, девет асистенции и осум скока.
Кошаркарите на Виртус и Ефес, Торнике Шенгелија и Илија Брајант забележаа индекс 28.
Текстот (Видео) Ти Џеј Шортс МВП на 32.коло во Евролигата е превземен од МАКФАКС.