Седумнаесет годишник синоќа бил затекнат во општина Аеродром со 200 полиетиленски кесички со марихуана.

Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за неовластено производство и пуштање во промет
на наркотични дроги“, велат од МВР.

Денес ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Текстот (Видео) Тинејџер фатен во Скопје со 200 кесички марихуана е превземен од МАКФАКС.