Манчестер сити се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, откако по многу борба и пресврт ја потврди улогата на фаворит во петтото коло, победувајќи го пред своите навивачи еден од најслабите англиски второлигаши, Плимут Аргил.
Натпреварот на стадионот „Етихад“ во Манчестер заврши со резултат 3:1 (1:1) Плимут е претпоследен на табелата во Чемпионшип дивизијата, но одлично играше во ФА купот, забележа две сензационални победи над екипи од Премиер лигата. Во претходното коло Плимут го победи Ливерпул.
Тимот на Пеп Гвардиола беше апсолутен фаворит, а тоа го потврди и статистиката на натпреварот.
Но аутсајдерот го замрзна „Етихад“ во 39. минута по првиот корнер. Украинецот Максим Таловиеров беше повисок од младиот Мекати и го совлада Стефан Ортега.
Сити претходно беше најблиску до гол во 28. минута, кога Илкај Гундоган упати силен удар, но ја погоди стативата.
„Граѓаните“, доминираа пред и по тој гол и имаа постојан посед на топка, но тешко ја пробиваа цврстата одбрана на гостите. Конечно успеаја да го сторат тоа на самиот крај на првото полувреме, а 19-годишниот Нико О’Рајли постигна гол на асистенција на капитенот Кевин Де Брујне.
Сити во вториот дел се мачеше, без идеа играчите на Гвардиола кружеа околу шеснаесетникот на Плимут, додека тинејџерот Нико О’Рајли не погоди повторно во 76. минута.
19-годишниот играч од средниот ред се уште нема постигнато гол во Премиер лигата (одигра само два натпревари), но веќе го постигна својот трет гол во ФА Купот оваа сезона.
Конечниот резултат во 90. минута го постави Кевин Де Брујне за заслужена победа 3:1.
Текстот (Видео) Тинејџерот О’Рајли го однесе Сити во четврфиналето е превземен од МАКФАКС.