Кошаркарите на Црвена звезда во драматична завршница славеа во Лакташи, против Игокеа со 95:90 и се пласираа во полуфиналето на региналната АБА лига.

Немања Недовиќ ја предводеше Црвена звезда со 26 поени и шест асистенции, Рпокас Гедраитис на 10 секунди до крајот постигна тројка со која го реши мечот, а во финишот се „истакна“ 37-годишниот Милош Теодосиќ, кој за неколку секунди доби две технички грешки, откако преходно направи фаул врз Марко Јеремиќ при шут за три поени.

Она што Милош Теодосиќ им го кажа на тројцата судии Урош Николиќ, Милан Недовиќ, Владимир Јевтовиќ, па заработи две технички грешки во рок од неколку секунди, присутните во салата во Лакташи не можеа јасно да го чујат, бидејќи…

Инцидентот со судиите се случи на центарот на теренот во време кога најискусниот кошаркар на Црвена звезда беше опкружен со други играчи, со вообичаената бучава во салата.

Сепак, кога Тео се сврте кон првиот ред каде што седеа комесарот за делегирање на судиите Срѓан Дожај и спортскиот директор на АБА лигата Милија Војиновиќ, навивачите во непосредна близина јасно можеа да ги слушнат зборовите на Теодосиќ.

Пред да исчезне во тунелот, Теодосиќ им рекол на Дожај и Војиновиќ:

„Сите овие се твои, ти ги прати…“, алудирајќи на судиите.

Ќе биде интересно да се види каква ќе биде реакцијата на регионалното натпреварување на овој инцидент.

Текстот (Видео) Теодосиќ „полуде“ се караше со челниците на АБА лигата и судиите е превземен од МАКФАКС.