Нестварни сцени се случија на челинџерот во Мадрид, во полуфиналниот меч меѓу Норберт Гомбос и Камил Мајшчак, кој Полјакот го доби во драматичен тај-брејк од третиот сет (7:6, 3:6, 7:6).

Иако самиот меч беше крајно возбудлив, сепак главна тема не беа поените или пресвртите, туку контроверзните сцени кои се случуваа во клучните моменти од натпреварот.

Гомбос имаше шанса да го заврши мечот на свој сервис, но свирежите од публиката, кои доаѓаа од едно или две лица, очигледно имаа намера да го попречат. Под притисок направи двојна сервис грешка и му ја препушти иницијативата на својот ривал. По натпреварот, Гомбос видно изнервиран влезе на трибината и им обрати на неколку лица: „Дали сте среќни сега? Ја уништувате играта. Не ми е гајле дали се обложувате!”

Веќе по пристигнувањето на турнирот, навивачите можеа да видат необичен, но за жал неефикасен знак кој ги предупредува да не се коцкаат.

Во текот на целата недела, навивачите покажаа сомнителна пристрасност, не само со навивање за нивните миленици, туку и со изразување на своето незадоволство кон другите играчи, сето тоа во обид да влијаат на исходот на натпреварите.

Текстот (Видео) Тенисер сакаше да се пресмета со навивачите, велезе на трибината по срамните провокации е превземен од МАКФАКС.