„Трчав на плажа и си помислив што е тоа? “Беше прилично големо. Еден рибар ми рече дека тоа би можело да биде џиновска ајкула. Никогаш не сум видел нешто слично”, рекол Стивен Дејвис, 72-годишен жител на Њу Брајтон.
Утрото на 5 јануари, во близина на реката Мерси, на устието на заливот Ливерпул, нашол остатоци од огромно суштество исфрлено на песочниот брег. Суштеството било високо четири и пол метри.
И покрај тоа што локалното население го нарекува необичното суштество „џиновски вонземјанин“ или „Неси од Њу Брајтон“, Дејвис всушност наишол на остатоци од џиновска ајкула (Cetorhinus maximus).
Џиновската ајкула е втор по големина вид риба после кит-ајкулата. Може да порасне до 12 метри во должина. Обично престојува во умерените океани. Иако се огромни животни, тие не се големи предатори. Најчесто се движат бавно и се хранат со планктони.
Крис Кјуретон од организацијата British Divers Marine Life Rescue (BDMLR) ги испита пронајдените остатоци и потврди што се, пишува Science Alert.
„Доказот дека станува збор за џиновската ајкула беше втората грбна перка. Опашката беше полна со коски, а ако беше кит, ќе беше полна со месо“, објаснил Кјуретон.