Нестварно дерби на „Џузепе Меаца“ одиграа Интер и Јувентус. Натпреварот со два пресврти на крајот заврши 4:4. Од нерешениот резултат профитираше Наполи, тимот на Антонио Конте е лидер со 22 бода, четири повеќе од Интер и пет од Јувентус.

Мечот го отвори Зјелински со гол од пенал, а Јувентус возбрати со два гола на половина од првиот дел преку Влаховиќ и Тирам направија пресврт. До крајот на полувремето во две минути Интер ја врати предноста. Најпрвин изедначи Мхотаријан, а птооа Зјелински реализираше уште еден пенал.

Се чинеше дека Интер ќе победи кога Дамфрис погоди за 4:2. Тогаш на сцена стапи Младио Турчин Кенак Јилдиз со два гола во 71 и 82.минута.

Јилдиз стана најмладиот играч кој постигнал два гола во „Дерби дела Италија“.

Текстот (Видео) Страшно дерби на „Џузепе Меаца“ – Интер-Јувентус 4:4 е превземен од МАКФАКС.