Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди за „Данас“ дека српската полиција поседува сонично оружје, колоквијално наречено звучен топ, од 2021 година.

„Овие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на МВР, но не се пуштени во употреба, ниту се поставени на некое од нашите возила или системи“, изјави Дачиќ за „Данас“.

Дачиќ претходно изјави дека му пишал на директорот на ФБИ, Каш Пател, и побарал помош за стручна анализа бидејќи српското Министерство за внатрешни работи се соочува со јавни и медиумски обвинувања дека полицајци употребиле звучен топ за време на протестот во Белград на 15 март.

На прашањето зошто тогаш изјавил дека МВР не поседува звучен топ или друго слично звучно оружје, тој рече дека тоа е несмасна изјава.

„Тоа е невешта изјава. Со тоа се мисли дека МВР не ја вклучи оваа алатка во својот арсенал на присилни средства“, рече Дачиќ.

Го прашаа и зошто државата однапред го купила системот кога не е дозволена нивна употреба.

„Тоа е промашена инвестиција. Во тоа време, веројатно, се мислеше дека ќе биде усвоен нов закон за полицијата, кој ќе предвидува употреба на звучно оружје како уште едно средство за принуда“, рече тој.

Текстот (Видео) Српскиот министер призна дека полицијата има звучен топ: „Невешто се изразив претходно“ е превземен од МАКФАКС.