Манчестер Јунајтед го победи Фулам со 1:0 во 23. коло од Премиер лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Аргентинецот Лисандро Мартинез во 78. минута и тоа беше се од напаѓачкиот репертоар на гостите вечерва во Лондон.

Играчите на Рубен Аморим и тој самиот ќе се обидат што поскоро да заборават на се друго.

Голото што го постигна Јунајтед беше повеќе резултат на среќни околности отколку последица на добра, координирана и квалитетна игра на гостите, бидејќи топката по ударот на Мартинез удри во ногата на Саша Лукиќ (кој се обиде да ја блокира), доби забрзување и падна токму таму каде што Берн Лено не можеше да реагира.

Уште еден детаљ кој го обележа овој лош натпревар се случи во 88. минута кога играчот на Манчестер Јунајтед, Тоби Колиер интервенираше на гол линијата и спречи гол на Фулам.

До крајот, во третата минута од судиското надополнување, Диало се чинеше дека го удвои водството на гостите, но неговата радост кратко траеше, бидејќи голот беше поништен по интервенција на ВАР.

Ова беше 17. последователен натпревар меѓу овие два тима крај Темза во кој Фулам не успеа да победи, а веројатно и најздодевниот во историјата на ривалството меѓу Фулам и Јунајтед. Тоа е воедно и осма победа на Јунајтед во последните девет натпревари на овој стадион.

За динамиката на мечот во Лондон, можеби најдобро говори податокот дека првиот корнер на натпреварот беше виден во 71. минута, а првиот жолт картон минута подоцна.

Текстот (Видео) Среќна победа на Јунајтед кај Фулам е превземен од МАКФАКС.