Србија избори опстанок во А-дивизијата, а Турција се пласира во елитната дивизија во Лигата на нации. Србија во Белград ја победи Австрија со 2:0 и со 3:1 го доби двомечот, додека Турција ја декласира Унгарија во Будимпешта со 3:0.
Србија одигра лош натпревар, Австријците доминираа на теренот се до 56.минута и катастрофалната грешка, по која Максимовиќ го постигна првиот гол. Траунер во 68.минута доби директен црвен картон и од тој момент Србите дојдоа до својот ритам.
Живковиќ ја погоди статовата, на Влаховиќ му беше поништен гол поради минимален офсајд, а во 90.минута напаѓачот на Јувентус стави тошка на натпреварот.
Куриозитет на овој дуел е што главниот судија беше заменет на полувремето. Наместо Санчез вториот дел го судеше Руиз.
Турците за две минути го решија дуеот во Будимпешта. Чалханоглу погоди од пенал во 37., а две минути подцна Гулер зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Баркдачки во 90.минута.
Текстот (Видео) Србија го искористи австрискиот подарок, Турција ја декласира Унгарија е превземен од МАКФАКС.