Во Москва се одржа „Марш на Вашингтон“ во кој учесниците, членови на руското неонацистичко Движење за национално ослободување, по повод денот на руската сувереност, 12 јуни, „спонтано“ побараа од властите да го нападнат Вашингтон со нуклеарни бомби.
За „спонтаноста“ на настанот говори и беспрекорното скандирање во рима, прецизната и добро извежбана кореографија, како и богатата иконографија. Во прилог на тоа говорат и изразите на учесниците кои изгледаа дека се таму „по сопствена волја.“
„За руска победа, бараме да се извршат летови со нашите нуклеарни ракети и да се таргетираат градовите во САД“, извикува предводникот на поворката сосема „спонтано“.
По низата директни и индиректни закани со нуклеарна војна што ги упатија Путин, Лавров и останатата злосторничка банда, оваа порака доаѓа од „независна иницијатива“ која би требало да го илустрира расположението на „народот.“
Сè е како што треба.
Џабир Дерала