Барселона наскоро ќе започне со обнова на „Камп Ноу“. Култниот каталонски стадион ќе добие сосема нов изглед, а Барселона откри како ќе изгледа сето тоа.
Реновирањето на стадионот требаше да започне во 2020 година, но се одложи поради коронавирусот и финансиската криза.
Сега сè е подготвено за реновирање, кое според најавите треба да започне следната година, и ќе чини вкупно 900 милиони евра.
Новиот „Камп Ноу“ ќе добие покрив на кој ќе има соларни панели за производство на енергија. Стадионот ќе има над две илјади паркинг места, и повеќе луксузни ВИП простори.
Внатре, ќе се реновираат постојните капацитети и соблекувалните на клубот, а ќе се направат и нови деловни простории.