Милан, со спектакуларен пресврт ја совлада Парма со 3:2 (1:1) во 22. коло од италијанската Серија А. Парма на „Сан Сиро“ имаше предност до 92.минута, на крајот не успеа да освои ниту бод.

Тимот од градот на модата влезе поагресивно во дуелот, но Рафаел Леао и Матео Габија не реализираа добри шанси. Студен туш за италијанскиот вицешампион во 24. минута. Матео Канчелиери со брилијантен удар од далечина го совлада Мајк Мењан.

Во 29. минута од натпреварот голот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд.

Сепак, само шест минути подоцна. голканот на Парма, Сузуки го турна Павловиќ, а судијата Розарио Абисо досуди пенал.

Кристијан Пулишиќ, се разбира, беше сигурен. Американецот остана непогрешлив од белата точка, сезонава ги погоди 12 пати.

Тренерот на домаќините Серхио Консеисао направи радикален потег на полувремето. Тој ги извади од игра двете најголеми ѕвезди на тимот Рафа Леао и Тео Ернандез. Нивните места ги зазедоа Исмаел Бенасер и Давиде Бартесаги.

Во преостанатиот дел од мечот имаше шанси и на двете страни, но резултатот остана непроменет до самиот крај. Кога се чинеше дека мрежите ќе останат недопрени во вториот дел, Парма повторно ги шокираше симпатизерите на седумкратниот европски првак. 80-та минута.

Мењан успеа да го спречи обидот на Дрис Камара, но Енрико Дел Прато најдобро се снајде ја испрати топката во мрежата, која ја одбрани Французинот.

Павловиќ можеше да ја круниса добрата партија со гол во 88.минјта. Радоста му ја ускрати ВАР.

Сепак, Милан не мораше долго да чека за израмнување. Тијани Рајндерс го искористи одличното додавање на Јунус Муса во 92.минута и го изедначи резултатот.

Само две минути подоцна, замената Лука Јовиќ но шутираше високо над голот. Делирум на „Сан Сиро“ предизвика голот на Чукуезе во 95.минута.

Милан во следната рунда во градското дерби ќе го пречека Интер.

Текстот (Видео) Спектакуларен пресврт ма „Сан Сиро“ – Милан ја победи Парма е превземен од МАКФАКС.