Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само двајца преживеани според противпожарната служба.
Се претпоставува дека повеќето од преостанатите патници и членови на екипажот се мртви, јавува „Си-ен-ен“.
Horrifying footage emerging of a Jeju Air Boeing 737-800 (not a Max) with 175 onboard involved in a crash at Muan International Airport in South Korea — video shows the aircraft attempting a ‘belly landing’ (without its landing gear extended) before impacting the perimeter wall pic.twitter.com/C3JCUz8Iw8
— Alex Macheras (@AlexInAir) December 29, 2024
Меѓу загинатите, 54 се мажи, а 57 се жени, додека полот на 11 лица останува неутврден, велат властите.
Бројот на преживеани останува на двајца – и двајцата членови на екипажот, еден маж и една жена – според тимот на противпожарната служба на лице место.
Авионот „Боинг“ на „Џеџу Ер“ превезувал 181 патник и членови на екипажот кога се урна во неделата наутро.
Текстот (Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица е превземен од МАКФАКС.