Пет лица се повредени, од кои три потешко, во сомнителен пожар што вчера избувна во ресторанот „Индијан Арома“ во Илфорд, во близина на Лондон, соопшти полицијата.
Три жени и двајца мажи беа пренесени во болница, а три од нив се со животозагрозувачки повреди, додека останатите две се надвор од непосредна опасност.
„Дел од приземјето на ресторанот беше тешко оштетен, но девет лица успеаја да избегаат од запалените простории“, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LFB).
Главниот инспектор Марк Роџерс од Одделот за специјални кривични дела на полицијата во Северен Лондон изјави:
„Пожарот беше изгаснат до 22:32 часот. Разбираме дека овој инцидент ќе предизвика загриженост во локалната заедница. Тим детективи работи со полно работно време за да го истражи овој инцидент. Во моментов нема апсења.“
Полицијата нагласува дека причините за пожарот сè уште се предмет на истрага и дека ќе бидат преземени сите мерки за откривање на сторителот.
Текстот (Видео) Сомнителен пожар повреди пет лица, три сериозно е превземен од МАКФАКС.