Еден 15-годишник е најзаслужен за голот на Џамал Мусијала за кој се зборува по четвртфиналните натпревари од Лигата на нации. Германија и Италија, синоќа во Дортмунд одиграа 3:3. Пласман на завршниот турнир избори Германија.
Во 36.минута, додека Донарума ги распоредуваше соиграчите во шеснаесетникот, Кимих експресно го изведе корнерот, Мусијала беше сам пред празниот гол и без проблем го постгна вториот гол за Германија.
Голема, голема заслуга за овој гол има итриот собирач на топки зад голот на „аѕурите“. 15-годишникот одлично ја процени ситуацијата, многу подобро од целата италијанска репрезентација, бргу му ја додаде топката на Кимих, а потоа следуваше веќе опишаното сценарио.
Судиски сигнал не е потребен за изведување на удар од аголот.
Smart goal by Germany to double their lead against Italy.
Musiala wasn’t joking around pic.twitter.com/PxyuLgp8Gb
— FootballScores01 (@FScores01) March 23, 2025
На крајот, натпреварот во Дортмунд заврши нерешено (3:3), што беше доволно за Германците да се пласираат во полуфиналето од Лигата на нации, по триумфот од 2:1 во првиот меч во Милано. Германија во полуфиналето ќе игра против Португалија.
По натпреварот во Дортмунд, Кимих на 15-годишното момче му подарил потпишана топка, по што следела фотосесија.
Bester Assist heute
#dfbteam #GERITA pic.twitter.com/YNWTBkmZqQ — DFB-Team (@DFB_Team) March 23, 2025
Текстот (Видео) Собирач на топки ја измами цела италијанска одбрана е превземен од МАКФАКС.