
Снегот кој од синоќа паѓа низ цела Србија предизвика бројни проблеми, како во сообраќајот, така и во снабдувањето со електрична енергија. Многу дрвја и гранки не ја издржаа тежината на влажниот снег. Новолистаните млади гранки од дрвја во Белград паднаа на тротоари и улици, како и на паркирани возила. Во белградската населба Миљаковац дрво паднало врз две девојчиња, поради што интервенирала итната помош.