Неколку градови во источна Австралија беа покриени со најдебелиот слој снег што паднал во последните децении, што предизвика колапс на сообраќајот.

Службата за вонредни состојби на Нов Јужен Велс соопшти дека се очекува околу половина метар снег да падне во некои области во текот на викендот.

Во делови од северозападниот регион на Нова Англија, падна најголемиот снег во последните 20 години, објави државниот радиодифузер ABC, додека Sydney Morning Herald објави дека во една област од соседната држава Квинсленд, паднал првиот снег во последните десет години, објавува Ројтерс.

Службите за вонредни состојби соопштија дека реагирале на повеќе од 1.455 инциденти и повеќе од 100 возила биле заробени од снегот, бидејќи бурите оштетиле згради и биле издадени неколку предупредувања за поплави.

Десетици илјади потрошувачи ја поминале ноќта без електрична енергија.

Во австралиската федерална држава Нов Јужен Велс, паднале големи количини снег, а илјадници луѓе останале без електрична енергија.

Многу возила се заглавени во снег и мраз, телефонските линии се во прекин, а се очекува илјадници жители да останат без електрична енергија најмалку уште 24 часа, објави Njuz.com.au. На северните висорамнини на Нов Јужен Велс, дебелината на снежната покривка е околу 40 сантиметри, објавија локалните медиуми.

Метеорологот Хелен Рид изјави дека снегот е предизвикан од студен воздушен фронт.

Фото: Принтскрин

Текстот (Видео) Снег предизвика колапс на сообраќајот во Австралија: заглавени автомобили, илјадници луѓе без струја е превземен од МАКФАКС.