Неверојани сцени се случуваа на натпреварот во Купот на Македонија, во женска конкуренција, меѓу ракометарките на Скопје и Гевгелија. Двете екипи водеа голема борба која ќе го загуби натпреварот. Дури и си постигнуваа автоголови. Судиите во еден момент дури сакаа и да го прекинат натпреварот. По скандалот, Министерот за Бороко Ристовски најави дека на двата клуба ќе им бидат одземени лиценците.
„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваков тип на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола“, изјави Ристовски.
Текстот (Видео) Скопје и Гевгелија играа за не победат, Министерот Ристовски најави дека ќе им ги одземе лиценците е превземен од МАКФАКС.