Фудбалрите на Јувентус го победија Манчестер сити со 2:0, а Барселона славеше во Дортмунд 3.2 во најпривлечните вечерашни натпревари во Лигата на шампионите.

Јувентус го освои 11-от бод и се искачи на врвот на табелата, додека Сити остана на осум и се наоѓа на 22-та позиција.

Ова беше седми пораз за „граѓаните“ во последните десет натпревари, при што имаат само една победа.

Во првите 45 минути од мечот во Торино практично не се случуваше ништо, неколку почушанси и обидот на Халанд во 40.минута чии удар го одбрани Ди Грегорио.

Второто полувреме беше поофанзивно од двете страни. Во 53. минута, Влаховиќ некако успеа да ја смести топката зад грбот на Емерсон.

Сити, потоа тргна во офанзива, имаше шанси преку Бернардо Силва и Де Брујне, но резултатото остана 1:0.

Казната ги стигна „граѓаните“ во 75.минута, Веа ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Мекени со полуволеј ја испрати во голот.

Двата тима сега одат на пауза, па во седмото коло од Лигата на шампионите, на 22 јануари, Јувентус гостува кај Бриж, додека Сити истиот ден ќе игра против ПСЖ.

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Борусија Дортмунд со 3:2 (0:0), ја запишаа петтата победа и се искачија на второто место на табелата.

Каталонците го контролираа мечот во првиот дел, ја држеа топката во своите нозе повеќе од 70 проценти од времето, упатија и повеќе удари. Сепак, Борусија Дортмунд беше поконкретна, но обидите на Серхио Гираси и Марсел Сабицер завршија крај голот.

Вториот дел од натпреварот започна со гол на Каталонците. Во улога на асистент се најде Дани Олмо, а Рафиња ја затресе мрежата. Водството на Барселона не траеше долго бидејќи, во 60. минута од „белата точка“ беше прецизен Гираси.

Ефикасното второ полувреме го продолжи Феран Торес кој и ја врати предноста на Барселона, но само две минути подцна изедначи Гираси. Сепак, во 85. минута Торес со вториот гол на натпреварот го замолкна „Сигнал Идуна Парк“ и им донесе победа на гостите.

Резултати:

Атлетико – Слован 3:1 (2:0)
/Алварез 16, Гризман 42, 57 – Стрелец 51/

Лил – Штурм 3:2 (2:1)
/Сахаруи 37, Бекер 45+2, Харалдсон 81 – Китешвили 45+4, Бирт 47/

Милан – Црвена Звезда 2:1 (1:0)
/Леао 43, Ејбрахам – Радоњиќ 67/

Арсенал – Монако 3:0 (1:0)
/Сака 34, 78, Хаверц 88/

Бенфика – Болоња 0:0 (0:0)

Борусија Д. – Барселона 2:3 (0:0)
/Гираси 60, 78 – Рафиња 53, Торес 75, 85/

Феенорд – Спарта 4:2 (3:1)
/Тронер 8, Паишао 10, Муса 30, Хименез 63 – Рахмани 42, Белен 79г/

Јувентус – Манчестер Сити 2:0 (0:0)
/Влаховиќ 53, Мекени 75/

Штутгарт – Јанг Бојс 5:1 (1:1)
/Стилер 25, Мијо 53, Фурих 61, Фагноман 66, Кајтел 76 – Лакоми 6/

Текстот (Видео) Сити на колена пред Јувентус, Феран Торес го замолкна Дортмунд е превземен од МАКФАКС.