
Повеќе од 170 цивили од Мариупол, меѓу кои и околу 40 од челичарницата Азовстал во овој град, кој е речиси под целосно руска контрола пристигнаa во Запорожје, пренесуваат повеќе светски медиуми.
Евакуираните цивили меѓу кои некои биле и со мали деца, излегле од белите автобуси кои ги однеле до паркингот на комерцијалниот центар во Запорожје.
Тој град веќе е претворен во приватно место за лицата кои бегаат од зоната која е под окупација на руската војска.
Вкупно 174 цивили во осум автобуси пристигнале од „пеколот во Мариупоп, напиша на Твитер координаторката на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Оснат Лубрани.