Атлетико Мадрид на бизарен начин ја заврши сезната во Лигата на шампионите. Во реваншот од осминафиналето, Атлетико по изведувањето пенали испадна од Реал.

На „Метрополитано“, Атлетико победи со 1:0, а пенал серијата му припадна на Реал со 4:2.

Клучен беше пеналот на Хулијан Алварез во втората серија, Аргентинецот се лизна, но сепак успеа да постигне гол. ВАР собата се вклучи во тој момент и пресуди дека Аргетнинецот два пати ја допрел топката, па голот беше поништен.

„Видов дека Хулијан ја спушти ногата и дека топката не се движеше, но ВАР пресуди поинаку. Вакво нешто во животот не сум видел, сакам да верувам дека ја допре топката. Не сум видел досега дека ВАР реагира во пенал серија“, рече тренерот на Атлетико на прес конференцијата, а потоа им постави прашање на новинарите.

„Дали видовте дека два пати ја допре топката. Немојте да се плашите, дали некој од овде присутните вде дека два пати ја допре топката. Кренета рака, ако некој го виде тоа“.

Julián Alvarez disallowed penalty frame by frame
byu/AlmostNL insoccer

Текстот (Видео) Симеоне: Дали некој од вас виде дека Хулујан два пати ја допре топката е превземен од МАКФАКС.