Најмалку 53 лица загинаа во силен земјотрес од 7,1 степен што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.

Многу згради се урнати, објавија кинеските државни медиуми. Според првичните информации, повредени се над 60 лица, а уништени се над илјада куќи. Како што јави Би-Би-Си, се уште е рано да се процени бројот на жртвите.

Земјотресот во 9:05 часот по локално време бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотресни мрежи на Кина.

Околу 1.500 пожарникари и спасувачи се ангажирани да бараат луѓе под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни состојби.

Текстот (Видео) Силен земјотрес на Тибет, загинаа најмалку 50 лица е превземен од МАКФАКС.