Најмалку пет лица загинаа денес откако воен хеликоптер се урна во северен Пакистан, изјави портпарол на владата.

Хеликоптерот се урна во округот Диамер во регионот Гилгит-Балтистан, при што загинаа сите пет члена на екипажот, изјави за агенцијата Анадолија, Фајзулах Фирак, портпарол на владата Гилгит-Балтистан.

Тој објасни дека хеликоптерот се користел за спасувачки и хуманитарни мисии по неодамнешните дождови и поплави во регионот.

Фирак додаде дека во хеликоптерот имало двајца пилоти и тројца членови на техничкиот персонал.

Хеликоптерот вршел пробно слетување на нов хелиодром. Спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата и започнале со спасувачки операции.

Немаше непосредни информации за причината за несреќата, иако портпаролот на владата на Гилгит-Балтистан наведе „техничка неисправност“.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Се урна воен хеликоптер во Пакистан, петмина загинати е превземен од МАКФАКС.