На социјалните мрежи почна да се шири видео од 2018 година, предизвикувајќи приказни дека Меган Маркл не ја испочитувала покојната кралица Елизабета Втора.
Имено, Меган присуствуваше на доделувањето на наградите за млади лидери заедно со кралицата, принцот Хари и остатокот од кралското семејство. На видеото од настанот се гледа како Меган ги прекрстува нозете откако седнува, што многумина веруваат дека е прекршување на кралскиот протокол.
Според кралскиот бонтон, жените не треба да ги прекрстуваат нозете. Најсоодветната положба се нарекува „duchess slant“, каде што нозете се споени и малку навалени на едната страна.
Прифатливи се и прекрстените нозе до глуждовите, а фактот што Меган ги прекрсти нејзините на колена поттикна многумина да коментираат дека војвотката од Сасекс не само што го прекршила протоколот туку и ја „навредила“ кралицата.
И покрај тоа, кралските извори постојано нагласуваат дека Меган и покојната кралица биле во добри односи. Истото го потврди и принцот Хари во своите мемоари, велејќи дека имале топли односи.
Во 2017 година, кралицата и Меган беа фотографирани на отворањето на мостот на реката Мерси, каде Меган наводно успеала да ја насмее Елизабета Втора. Кралицата и подари и обетки од бисери, кои Меган ги носеше во 2022 година на погребот на кралицата.
Текстот (Видео) Се појави стара снимка од Меган Маркл: „ја навреди кралицата Елизабета со еден потег“ е превземен од МАКФАКС.