MrBeast, најпопуларниот јутјубер во светот, се вери.
Тој на Инстаграм откри дека неодамна ја запросил својата девојка Теа Бујсен.
„Да, момчето направи нешто“, напиша MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон.
Теа за магазинот People откри дека таа и MrBeast се вериле на Божиќ во друштво на нивните семејства.
„Моето семејство долета од Јужна Африка и планиравме да го поминеме Божиќ во нашата куќа, така што двете семејства беа тука. Отворавме подароци, а потоа за последниот подарок ме замоли да ги затворам очите бидејќи беше изненадување. Се разбира, кажав да“, рече таа.
Текстот (Видео) Се вери најпопуларниот јутјубер на светот е превземен од МАКФАКС.