Фудбалерите на Јувентус доживеа шокантна елиминација од Емполи во четвртфиналето во Купот на Италија, На домашен терен Јувентус во 90 минути одигра 1:1, а потоа ја загуби пенал серијата со 2:4.
Емполи дојде во Торино по поразот од Аталанта (5:0) во лигата и никој не очекуваше дека ќе му пружи сериозен отпор на фаворизираниот ривал.
Емполи поведе во 24. минута преку Малех, Тирам израмни во 66. минута.
Тиаго Мота ги фрли сите карти во нападот, Влаховиќ и Коло Муани играа заедно од стартот, а тука беа и Јилдиз, Консеисао, Мекени…но тоа не му го донесе посакуваниот резултат.
Трагичари во пенал серијата беа Влаховиќ, чии удар во првата серија завршши над голот и Јилдиз, неговиот удар го одбрани голманот Васкез. За Јувентус прецизни беа Коло Муани и Локатели.
За Емполи сите прогодија: Хендерсон, Куаме, Какаче и Маријанучи.
Емполи во полуфиналето ќе игра против Болоња, втората полуфинална двојка е Интер-Милан.
Текстот (Видео) Сензација во Купот на Италија, Емполи го елиминира Јувентус е превземен од МАКФАКС.