Саудиска Арабија подготви раскошен пречек за американскиот претседател Доналд Трамп во Ријад, каде што тој слета денес, буквално на тепих од лаванда.
Во 2021 година, Саудиска Арабија го замени традиционалниот црвен тепих со лаванда, наведувајќи дека бојата е инспирирана од „природното наследство на Саудиска Арабија“, имено сезонските цветања на лаванда во пустинските региони на земјата.
Саудиска Арабија очигледно се погрижи на американскиот претседател ништо да не му недостасува за време на неговата посета на Блискиот Исток, дури ни неговата омилена брза храна.
Според американските медиуми, Саудијците обезбедиле мобилен ресторан на „Мекдоналдс“ во случај Трамп да не стигне до една од многуте постоечки филијали во земјата.
Yes, it’s a mobile @McDonalds here in Riyadh. pic.twitter.com/Y6T2EBDbQf
— Mordechai Wagenheim (@Mike_Wagenheim) May 13, 2025
Трамп е познат по својата склоност кон брза храна, а за време на кампањата дури и им служеше на гостите во „Мекдоналдс“ во Пенсилванија.
Но, разликата во протоколот беше видлива и на друго ниво, политичкото.
За разлика од посетата на поранешниот американски претседател Џо Бајден во 2022 година, кога саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман испрати делегација да го пречека на аеродромот, Трамп денес беше лично пречекан од бин Салман на скалите од претседателскиот авион.
Да потсетиме дека пред да пристигне во Саудиска Арабија, Бајден изјави дека ќе го „изолира кралството“ поради убиството на новинарот Џамал Кашоги и кршењата на човековите права. Трамп, од друга страна, одржува блиски политички и деловни врски со кралското семејство уште од својот прв мандат.
Текстот (Видео) Саудијците го пречекаа Трамп како крал – му купија и мобилен „Мекдоналдс“ е превземен од МАКФАКС.