Полицајците од Сан Франциско неодамна се соочиле со неверојатен проблем, среде ноќ сопреле автомобил кој возел на улица со изгаснати фарови, но набрзо дознале дека во него нема возачи или патници.

Се испоставило дека станува збор за електричен автомобил самоуправувачки, а необичниот настан го снимил случаен минувач на телефон и го објавил на социјалните мрежи.

На него се гледаат збунети полицајци како кружат околу возилото и гледаат низ прозорецот неколку минути, а еден од нив изненаден забележал дека „нема никој во автомобилот“.

Сопственикот на компанијата Круз, која поседува самоуправувачки автомобили, на Твитер објасни што се случило.

Тој рече дека автомобилот „го регистрирал полициското возило, а потоа застанал на најблиското место, како што било планирано, за да не се меша во сообраќајот. Полицаецот контактирал со персоналот на Круз, но немало одговор“.

„Нема никој во него, ова не е нормално“, се слуша гласот на полицаец кој ѕирка во паркирано возило.

Круз објасни дека фаровите на автомобилот биле исклучени поради човечка грешка.

Компанијата е основана во 2013 година, а автомобилите имаат софтвер кој им овозможува целосно автономно возење.

Американскиот производител Џенерал Моторс има мнозински удел во компанијата, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милијарди долари благодарение на инвестициите на компании како Мајкрософт, Хонда и Волмарт.

Од февруари, Круз им нуди на поединците можност да резервираат бесплатно возење по улиците на Сан Франциско без возач.

Жителите на овој калифорниски град често на улиците можат да видат роботи од Wayma, сопственост на Google.