Ливерпул, предводен од Мохамед Салах, победи на тешкото гостување на „Вајталити“ во Борнмут.

„Црешите“ се најпријатното изненадување сезонава, но не успеаја да избегнат пораз од „црвените“, иако ж според играта заслужија повеќе од 0:2.

Првата голема шанса Борнмаут ја имаше во 21. минута, но Семењо немаше среќа, тој одлично шутираше од левата страна и ја погоди гредата.

Ливерпул одговори само две минути подоцна, при што шанса имаше Собослај, но Кепа успеа да го одбрани неговиот удар.

Во 27. минута Кук го собори Гакпо во сопствениот шеснаесетник, судијата Дарен Ингланд покажа на белата точка, а ВАР ја потврди неговата одлука. Пеналот го реализира Салах.

Борнмаут во 37. минута, постигна гол преку Брукс, но ВАР пресуди дека на зачетокот на акцијата Керкез бил во офсајд.

Второто полувреме започна со напади на домашните, тие пропуштија одлична можност за израмнување во 70. минута, најпрвин Маркус Таверние ја погоди стативата, а најдобриот стрелец Џастин Клајверт налета на одбиена топка и го промаши празниот гол.

Казната стигна пет минути подоцна, Куртис Џонс му ја додаде топката на Салах, а Египјанецот во свој стил со лева ја погоди малата мрежа.

Тоа беше 178. гол за Салах во Премиер лигата, со што го престигна легендарниот играч на Челси Френк Лампард. Сега е на шестото место, а Серхио Агуеро е петти со 184 гола.

Тимот на Арне Слот по победата ја зголеми предноста во поредокот, сега има 56 бода, девет повеќе од најблиските ривали Арсенал и Нотингем Форест.

Фулам гостуваше кај Њукасл и ги однесе трите бода во Лондон. Екипата од „Крејвен Котиџ“ победи со пресврт 1.2..

„Страчките“ поведоа кон крајот на првото полувреме со голот на Џејкоб Марфи, но гостите постигнаа два гола во преостанатиот дел од мечот преку Раул Хименез и Родриго Муниз.

Дербито на дното се одигра на „Портман Роуд“, каде се сретнаа претпоследниот Ипсвич го пречека последнопласираниот Саутемптон. Гостите беа поуспешни и славеа со 1:2

Воведниот гол на „светците“ го постигна Нигериецот Џо Арибо, точно десет минути подоцна израмни Лиам Делап, а првата премиерлигашка победа за хрватскиот селектор Иван Јуриќ ја донесе Нигериецот Пол Онуачу во 89. минута.

Текстот (Видео) Салах го запре Борнмут, Фулам со пресврт победи во Њукасл, Саутемптон го доби дербито на дното е превземен од МАКФАКС.