(ВИДЕО) РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Евакуирани пациентите од детската болница во Кијив погодена од руски проектил 

Пациентите од детската болница во Кијив која беше погодена со руски проектил се евакуирани во општинските болници, објави на Телеграм градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, пренесува Укринформ.

„Пациентите од детската болница, која беше погодена од непријателски проектил, се евакуирани во општинските болници во градот“, рече тој.

Снимка од моментот на ударот на рускиот проектил врз детската болница во Кијив.

Претходно, градската воена управа на Кијив на Телеграм објави дека „детската болница Охматдит во областа Шевченковски е оштетена, има разурнувања“.

Видео: Лекарите облеани во крв и волонтерите помагаат во тековните спасувачки напори во детската болница во Кијив, откако таа беше цел на руски проектили

ЦИВИЛ Медиа од свои извори дознава дека истражителите на СБУ утврдиле дека руските агресори ја погодиле детската болница „Охматдит“ со проектил Х-101. На местото на трагедијата веќе се пронајдени релевантни докази: особено, фрагменти од трупот на задниот дел на ракетата Х-101 со сериски број и дел од управувачот на оваа ракета, со што се разобличува тезата што ја шират Русите дека болницата е погодена како резултат на работата на украинските противвоздушни сили

Според објавата на Градската управа на Кијив на Телеграм,, седум лица загинаа во рускиот ракетен напад врз Кијив утринава, додека остатоци од проектили паднаа во седум области на градот, пренесува Укринформ.

Според објавата, остатоци од проектили паднале во областите Соломијански, Днипровски, Дарницки, Свијатошински, Десниански, Шевченкивски и Холосиивски.

Во нападот е оштетена деловна зграда во областа Соломијански и гаражи во областа Холосијвски. Се запалија автомобили. Горат урнатини во станбена зона во областа Днипровски, а оштетена е приватна куќа во областа Дарницки.

Во квартот Свјатошински гори шут во близина на станбена зона, а избувна и пожар во просториите на едно претпријатие.

Се запали куќа во областа Десниански, а детската болница Охматдит е оштетена во областа Шевченковски.

Цивилите и цивилната инфраструктурата беа цел на руски ракетен напад во понеделникот. Кијив, Днипро, Криви Рих, Славјанск и Краматорск беа под масивен руски ракетен напад на 8 јули. Повеќе од 40 проектили беа лансирани низ Украина.

Како што е соопштено, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Кијив, Днипро, Криви Рих, Краматорск и Славјанск биле погодени од масовен руски ракетен напад на 8 јули. Беа истрелани повеќе од 40 проектили од различни типови. Оштетени се станбени згради, инфраструктура, детска болница.

ЦИВИЛ Медиа предходно објави дека бараж од руски ракетни напади беа насочени кон неколку украински градови во понеделникот, при што загинаа најмалку 20 лица, а беа повредени уште 50, според соопштението на украинското Министерство за внатрешни работи.

Еден од ударите ја погоди детската болница во главниот град Кијив, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко. ЦИВИЛ Медиа објави и  видео и фотографии од погодена детска болница во Кијив кои ги доби од свои извори во Украин, додека украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, преку својата сметка на Х упати апел дека овој геноцид може да се запре со снабдување на Украина со средства за противвоздушна одбрана!

Драган Мишев