Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер.

„Според прелиминарните информации, нема жртви“, рече гувернерот на Саратов Роман Бусаргин во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

Неколку неофицијални руски новински канали на Телеграм објавија експлозии и пожари во областа на нафтена рафинерија во Саратов, регион во јужна Русија.

На видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа голем пожар и густ облак чад. Ројтерс не беше во можност самостојно да ги потврди извештаите.

Киев често вели дека украинските воздушни напади во Русија се насочени кон уништување на инфраструктурата клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираните напади на Русија врз Украина од почетокот на војната пред речиси три години.

Текстот (Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов е превземен од МАКФАКС.