Русија лансира серија беспилотни летала во нападот на Украина во текот на ноќта, при што загинаа најмалку четири лица, а беа ранети 35 во североисточниот град Харков, соопштија регионалните власти.
Во четвртиот ваков напад врз градот оваа недела руски беспилотни летала погодија станбени области оштетувајќи неколку високи згради и предизвикаа повеќе пожари.
Спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините барајќи преживеани.
Overnight, Putin’s forces attacked Kharkiv with deadly drones. At least four civilians were killed and more than 30 injured. The target of the strike was a residential building.
A massive fire broke out at the scene, covering an area of over 600 square metres. pic.twitter.com/7q0DnIBQJB
— KyivPost (@KyivPost) April 4, 2025
„Од утрово, за жал, веќе има четворица мртви. Телото на уште едно лице ,кое беше убиено од рускиот агресор (беше извлечено) од урнатините“, рече градоначалникот Ихор Тереков на апликацијата „Телеграм“. „Имаме и 35 ранети“.
Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека обвинителите работат на идентификување на убиените. Во соопштението беше наведено и дека меѓу повредените во нападите со дронови има и три деца.
Украинските единици за воздушна одбрана и мобилните групи за лов на беспилотни летала соборија 42 од 78 руски беспилотни летала во текот на ноќта низ Украина, соопшти военото воздухопловство.
Минатата недела Харков беше цел на напади со руски беспилотни летала речиси секоја вечер. Градските индустриски компании и инфраструктурата беа оштетени во претходните напади, соопштија властите.
Текстот (Видео) Русија го нападна Харков со дронови четврти пат за една недела, четири лица загинаа е превземен од МАКФАКС.