Руски напад уништи цел дел од станбена зграда во Харков. Пријавени се многу повреди, вклучително и едно дете, објави Киев пост на Х со видео од погодената зграда. Украинска Правда пишува дека 24 луѓе се повредени.
Луѓето можеби се уште се заробени под урнатините, пишува Киев пост. Итните служби се на терен.
A Russian strike has just destroyed an entire section of a residential building in Kharkiv. At least seven victims, including a child, have already been reported.
People may still be trapped under the rubble.
Rescue efforts are ongoing. pic.twitter.com/8BOUYsic6t
— KyivPost (@KyivPost) October 30, 2024
Шефот на воената управа на регионот Харков, Олег Синебухов, извести дека на местото на нападот избувнал пожар и дека влезот во зградата е целосно уништен. Оштетени се цивилни возила.
Текстот (Видео) Русите уништија цел дел од зграда во Харков, повредени се 24 лица е превземен од МАКФАКС.