Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ги објавија своите божиќни честитки на Инстаграм. Празникот го прославија со своите деца кај Дедо Мраз во Лапонија.
„Најважниот дел од Божиќ“, напиша Роналдо. Покрај тоа, тој сподели и семејна фотографија на која седи на маса со Георгина и децата, сите облечени во исти пижами.
Неговата партнерка објави уште неколку фотографии. На една од нив може да се види дека семејството се возело со Дедо Мраз на санки влечени од ирваси. Георгина објави и видео на кое Роналдо и неговите деца гледаат низ прозорецот додека го чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци.
И двајцата предизвикаа бројни реакции со своите честитки. Објавата на Роналдо ја лајкнале повеќе од 10 милиони луѓе, а на Георгина нешто повеќе од 2,6 милиони луѓе. Тие во коментар добија бројни честитки од нивните следбеници.
Текстот (Видео) Роналдо и Георгина го поминаа Божиќ со Дедо Мраз во Лапонија со своите деца е превземен од МАКФАКС.