Британскиот пејач Роби Вилијамс во новото интервју откри дека на почетокот на годината страдал од тешка депресија. Тој вели дека тоа го изненадило бидејќи неговата последна „епизода“ се случила пред повеќе од 10 години.
„Оваа година започна со навистина лошо ментално здравје, што не ми се случило долго време. Бев тажен, бев вознемирен, бев депресивен. Поминаа околу 10 години… Мислев дека дојдов на другата страна“, забележал Роби.
„Мислев дека тоа е крајот на мојата приказна и дека само ќе прошетам во некоја прекрасна земја. Бев збунет кога сето тоа се врати“, додаде тој. Неговата исповед доаѓа набргу откако тој откри дека лошо се справува со здравјето на неговите родители – мајката Џенет има деменција, а на татко Пит му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.
Пејачот минатата година го коментираше здравјето на своите родители: “Вистината е дека сум неверојатно зафатен и не се справувам со ситуацијата онака како што треба. Сè е ужасно комплицирано. Не би навлегувал во детали, ако кажам нешто, можеби ќе го прочитаат и тогаш ќе треба да одговорам на многу прашања”.
Текстот (Видео) Роби Вилијамс: На почетокот на годината бев во тешка депресија, не гледав излез е превземен од МАКФАКС.