Англија ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство. На „Вембли“, Англија ја победи Летонија со 3:0, а селекторот Томас Тухел особено го истакна Рис Џејмс.
Десниот бек на Челзи по две и пол години се врати во стартниот состав на „Гордиот Албион“ и го постигна својот прв гол за националниот тим. Тоа го направи на феноменален начин од слободен удар.
„Знам колку добар играч е Рис. Тој е неверојатен. Тој има право да биде горд и среќен за она што го одигра. Тој е во одлична форма, а неговиот квалитет никогаш не е доведен во прашање“, изјави Тухел.
Текстот (Видео) Рис Џејмс со спектакуларен гол се врати во репрезентацијата на Англија е превземен од МАКФАКС.