Глазгов Ренџерс и Лион стекнаа предност пред осминафиналните реванши во Лига Европа, откако славеа со 3.1 како гости кај Фенербахче, односно ФЦСБ. АЗ во Алкмар го победи Тотенхем, а дербито Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед заврши без победник.

Манчестер јунајтед извлече добар резултат на гостувањето во Сан Себастијан. Имаше предност со глот на Зиркзе, а изедначи Ојерзабал од пенал.

АЗ го победи Тотенхем со авто голот на Бергвал во 18.минута.

Фенербахче доживеа шокатнтен пораз од Глазгов Ренџерс. Изненадувањето гостите го најавиха со глот на Десерс во седмата минута, Џику изедначи, меѓутоа Шкотите заминаа на одмор со предност, откако погоди Черни во финишот на полувремето.

Во вториот дел на Десерс му беше поништен гол по интервенцијата од ВАР собата, но точка на мечот стави Черни со својот втор гол во 81.минута.

Текстот (Видео) Ренџерс го згазија Фенер, Јунајтед одигра нерешено кај Сосиедад е превземен од МАКФАКС.