Барселона му се „одмазди“ на Атлетик Билбао откако го елиминираше во Купот на Кралот, победувајќи го во 26. коло од Ла Лига со 4-0.

По одбиената топка од ударот со глава на Жерар Пике, Пјер-Емерик Обамејанг ја искористи предноста и постигна феноменален гол во 37 минута. Барселона продолжи да доминира и во вториот дел. Усман Дембеле постигна супергол по асистенција на Де Јонг во 73-та минута, веднаш откако влезе во игра. Лук Де Јонг влезе во игра од клупата и веднаш погоди за 3-0. И победата на Барса ја запечати Мемфис Депај, кој се врати по повредата, и влезе во последните моменти (90 + 5).

 

Барселона со оваа победа се искачи на четвртата позиција со 45 бодови, додека Билбао го зазема осмото место со 37 бода.

Прикажи повеќе