Фудбалерите на Реал го совладаа Алавес со резултат 1:0 во натпреварот од 31. коло на шпанскиот шампионат.
Мадриѓаните успеаја да победат и покрај тоа што од 38. минута играа со играч помалку по исклучувањето на Килијан Мбапе.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот четири минути претходно беше Едуардо Камавинга.
Федерико Валверде му додаде на Французинот, кој од работа на шеснаесетникот со прецизен удар постигна гол. Мбапе набрзо доби директен црвен картон поради неговиот непромислен старт и со тоа внесе неизвесност на овој натпревар.
Четврти пат во кариерата францускиот репрезентаивец доби црвен картон, прв пат по пет години кога беше исклучен како играч на ПСЖ.
Домашниот тим имаше одлична можност да направи нешто повеќе со играчот против фаворизираниот ривал, но сите надежи паднаа во вода кога во 70.минута Ману Санчез беше исклучен.
По оваа победа Реал заостанува четири бода зад лидерот Барселона. Следен ривал им е Атлетик Билбао.
Текстот (Видео) Реал победи кај Алавес, Мбапе исклучен е превземен од МАКФАКС.